Општина Охрид продава археолошки наоѓалишта кои се дел од планот за управување со културно наследство 2020-2029?
- Фејсбук статус на Круме Богевски – член на Централниот Комитет на Левица
Статусот Светско наследство на УНЕСКО е најпрестижната титула што едно подрачје или локалитет може да ја добие.
Како Охрид го губи овој статус знаеме сите како сведоци на владеењето на урбанистичката мафија во Охрид последните неколку децении!
Вообичаено УНЕСКО воспоставува систем преку кој локалитетите и подрачјата од исклучителна светска вредост ќе бидат заштитени, што пак е обврска на секоја држава.
Така, со потпишувањето на Конвенцијата за светско наследство, Македонија се обврзала својот единствен УНЕСКО регион да го заштити, зачува, презентира и пренесе на идните генерации.
Во ланскиот извештај на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион стои дека во временски период од три години, државата, Југозападниот плански регион и општините мора да ги затворат нелегалните депонии како Мауцкер во Охрид, а просторот соодветно да го исчистат и оплеменат.
Како Општина Охрид одговори на ова последно предупредување од УНЕСКО?
Спротивно на актуелниот план за Управување со културното наследство 2020-2029 каде е регулирано и управувањето со археолошкиот локалитет Хермелеја во пределот на Мауцкер, Општината Охрид го распродава локалитетот по едно евро квадрат!
Да повториме: Општина Охрид продава археолошки локалитет по 1 евро за квадрат!
Со народни ресурси постоечката депонија на локалитетот Мауцкер беше исчистена, израмнета и ставена како предмет на јавно наддавање како градежно земјиште!
Само членот на Совет во Општина Охрид од Левица – Охрид поднесе 82 амандмани против продажбата на ова земјиште!
Покрај Советничката Виолета Аврамоска, голем број на стручни лица од оваа фела изразија цврст став против распродажба на недоволно истражениот локалитет Мауцкер каде постоела римска населба!
Останува да видиме дали Општина Охрид и Градоначалникот Кирил Пецаков ќе одат до крај со распродажбата на културното наследство!