АктуелноЛокално

Левица: Министерот за образование Шаќири не ги знае надлежностите на министерството

  • Реакција на Политичката партија Левица

Краткото вчерашно интервју со министерот Јетон Шаќири за домашните медиуми не беше доволно кратко за да успее да ја прикрие неговата некомпетентност и елементарната неупатеност во надлежностите на МОН.

Објаснувајќи зошто учениците не добија свидетелства на крајот од наставната година, тој кажа дека ниту не знаел дека има таков проблем до јуни и дека тоа било обврска на БРО!

Во описот на БРО стои дека, тоа е орган на управа во состав на Министерството за образование и наука со својство на правно лице и врши стручни работи од значење за развојот и унапредувањето на воспитанието и образованието.

Очигледно, првиот човек на министерството во обид да манипулира со јавноста го покажа своето незнаење и некомпетентност за ресорот со кој управува.