Зошто Македонците не сакаат да ја бранат Македонија
- Фејсбук статус на Никола Петров – член на Централниот Комитет на Левица
Европската комисија направила анкета, истражување, за тоа колку од мажите би се пријавиле да ја бранат својата земја ако биде нападната. Истражувањето е направено на Балканот, при што највисок процент има Грција, по што следува Турција, а најнизок процент околу 55% има Македонија.
Анкетата покажува дека само половина од Македонците би се пријавиле да ја бранат државата ако биде нападната.
За тоа дека на народот не му е гајле ниту би се пријавил да ја брани државата има повеќе причини. Прво, Македонија е држава под окупација на криминални здруженија, фамилии и олигарси кои 30 години си се на власт. Второ, за време на војната во 2001 година, бранителите беа предадени и продавани од политичарите и врховниот командант, изгинаа залудно, беа наместени, масакрирани и при тоа никој не поднесе ни политичка ни кривична одговорност.
Иако војниците храбро се бореа, државата беше предадена од политичарите на зелена маса.
После војната, 20 години имаме власт на амнестирани терористи кои заедно со бандитите и олигарсите од сдс и дпмне си го држат под окупација народот во државата.
Единствениот непријател на народот и на Македонија се криминалните здруженија кои 3 декади ја држат под опсада Републиката.
На пример: Кога Југославија била окупирана од Третиот Рајх, многу малце луѓе излегле во партизани да се борат против окупаторот, и тоа биле претежно комунистите. Народот и претходно бил под окупација на реакционерната буржоазија и големосрпската хегемонија, на феудалците и странските колонизатори, па затоа смената на една чизма со друга не го погодувала многу.
Но, тоа што подоцна го мотивирал народот да излезе во партизани и да се бори и ослободи, било ветувањето дека после војната нема пак да се врати на стариот буржоаски систем кога биле слуги на капиталистите, туку смена на целиот систем со нова народна власт, власт која ќе биде нивна, дека народот сам преку народни одбори ќе си решава за својата иднина. Се разбира тоа не и одговарало на буржоазијата и затоа таа му била соработник на окупаторот.
Ете затоа во Македонија нема народ кој ќе излезе и да се бори за држава со која владеат олигархијата и криминалците, туку, напротив, ќе излезе за да се бори против нив, и да конечно завладее вистинска народна власт во државата.