Апасиев: УЧК стратешки и намерно нѐ обезоружуваат
- Реакција на Претседателот на политичката партија Левица Димитар Апасиев, по донацијата на македонските борбени авиони на Украина
Каква историска иронија: Македонските тенкови и авиони, кои беа купени од Украина за да ги победиме терористите во 2001 (оти НАТО тогаш ни забрани да се наоружуваме), сега се донираат на купувачот од истите оние против кои тогаш се боревме (антимакедонските кадри на ДУИ и саботерите од СДС)!?
Пишува Апасиев на својот фејсбук профил, каде додава:
Практично, учките и квислинзите стратешки и намерно нѐ обезоружуваат, и затоа нашата армија е на дното на светската листа по својата борбена готовност. #WeAreNATO