Смилев: Не фрлајте бисери пред свињите
- Став на Игор Смилев, член на Советот во Општина Велес при политичката партија Левица и член на ЦК – Левица
Евангелие по Матеј 7/6, глава седма цитат шести :
”Не давајте им го она што е свето на кучињата; ниту фрлајте ги своите бисери пред свињите, за да не ги изгазат со своите нозе, и да се завртат и да ве раскинат.”
За жал тоа се случи. Бисера Стојчевска Костадиновска не успеа да излезе од скафандерот во кој зачаурено министерува и од кој не може да го почувствува распаѓачкиот трулеж на македонската култура денес!
Бисера Костадиновска фрлена пред недостојните свињи, креаторите на културниот живот во Македонија денес исплука плунка шлајмара во лицето на секој уметник што воопшто твори во Македонија!
Бисера Костадиновска денес му објави војна на творештвото и креативното изразување.
Бисера Костадиновска денес, се помоча врз се што досега е направено во македонската култура, а не го следи нејзиниот измеќарски менталитет и идиотскиот протокол во односите со Бугарија!
Бисера Костадиновска денес го исповрати сето мезе изедено на Илинден врз делата на Мисирков, Конески, Петре М. Андреевски, Радован Павловски.
Бисера Костадиновска денес се помоча врз целата македонска кинематографија претставувана од Волча ноќ, Републиката во пламен, Солунските атентатори, Ослободување на Скопје, Трето полувреме.
Бисера Костадиновска денес се помоча и врз целото македонско ликовно творештво што за своја инспирација ја има колективната меморија на македонците!
Бисера Костадиновска Стојчевска од денес се смета за персона изгубена во смрдливиот скафандер, недостојна за позицијата што ја извршува!
Бисера Костадиновска Стојчевска од денес се смета за персона изгубена во смрдливиот скафандер, недостојна за позицијата што ја извршува!
Бисера Костадиновска повика на цензура на умот, кој самата го поседува во симболични количини!
Бисера Костадинова денес заби глогов колец во срцето на Македонија, Македонците, Македонското!
Бисера Костадинова денес не упати на индивидуализам наместо колективитетот на кој му припаѓаме и кој таа и владата на која и’ припаѓа, одлучиле дека треба да умре!
Бисера Костадинова денес го објави културниот некролог на македонската култура!
За Бисера Костадиновска цензурата е одење напред ! Бисера Костадиновска треба неодложно и веднаш да си поднесе оставка од позицијата која во моментов очајно и мизерно ја извршува.
Бисера Костадиновска ќе остане запаметена во историјата ма македонската култура, како жена која сакаше да ги убие уметниците за да си го спаси измеќарскиот скафандер!
Генерациите што доаѓаат на посебни часови ќе го изучуваат нејзиниот дебилизам и неспособност! А што се однесува до Бисерите од почетокот на текстов, овојпат нека останат таму каде што им е местото, во калта…меѓу свињите!