Захарова му предложи на Џонсон да си го промени полот заради НАТО
Британскиот премиер во заминување Борис Џонсон треба да ја разгледа опцијата за промена на полот како мерка на промовирање за идното вработување – напиша портпаролот на руското МНР Марија Захарова.
Овој коментар на Захарова следуваше по пораката дека Џонсон нема да може да стане генерален секретар на НАТО, бидејќи алијансата сака да види жена на таа позиција (веројатно актуелната естонска премиерка Каја Калас).
„Па, не знам. Најпрво, ништо не го спречува Борис Џонсон одеднаш да открие жена во себе. Модерна и дрска, во негов стил“, напиша Захарова на Телеграм.
Освен ова, Џонсон може да го избере било кој од половите „сега прифатени во земјите на НАТО“, продолжи официјалниот претставник на руското МНР.
Според Захарова, дури и ако земјите од Северно-атлантската алијанса го изберат генералниот секретар „од луѓе кои себеси се нарекуваат жени, секогаш постои можноста одеднаш тие во себе да откријат маж или некој друг пол“.