АктуелноЛокално

Високи функционери во Македонија не се гонат против корупција

По истрагата против генералните секретари на Владата Драги Рашковски и Мухамед Зекири, првиот е на судење, а вториот во куќен притвор, за ниеден носител на висока јавна функција не се открива нешто од органите на откривање – Финансиската полиција и МВР. Ова затишје трае многу долг период, иако претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на 14 јули зборувајќи пред пратениците, ја пофали борбата против корупцијата во Македонија.

Органите на откривање треба да откријат криминал и да поднесат кривични пријави до органот за кривичен прогон, до обвинителството, за да има што да работи. Рашковски и Зеќири самото ги потера, по допрен глас. Финансиската полиција, МВР, УЈП или кој било од повиканите органи за откривање организиран криминал, не ги открија нивните манипулации. МВР отскокнува со пријавите, но за трговија со луѓе, со дрога, шверц на мигранти, во надлежност на ОЈО за организиран криминал и корупција.

Од почетокот на 2022 година до денеска, од страна на Управата за финансиска полиција биле доставени само 6 кривични пријави од кои две преку ОЈО Скопје. Три предмети, дознаваме, биле завршени и тоа еден со отфрлање на кривичната пријава, а два со Решение на Вишото јавно обвинителство по предизвикан судир на надлежности, па се испратени во ОЈО Скопје.

Останатите три предмети биле во предистражна постапка и се очекувало постапување по наредба за вештачење во едниот, и по барање до Финансова полиција во другиот предмет. За вкупно третиот за овие 7 месеци, не успеавме да дознаеме во која фаза е.

Заедничко на овие неколку иницијативи, е што ниту една не е против носител на висока јавна функција.

Во 2021 година Обвинителството за организиран криминал и корупција, постапувало по 10 кривични пријави поднесени од страна на Управата за финансиска полиција, од кои четири се доставени преку ОЈО Скопје. На четири им се згрешени адресите, а звучно име на осомничен висок функционер немало ни лани.