АктуелноИнтернационално

НР Кина со предупредување до САД – повлечете се од планот за Тајван

Според „Фајненшл тајмс“, Кина упатила приватни предупредувања до претседателската администрација на САД. Станува збор за претстојното патување на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на Тајван.

Претходно, Пекинг побара од САД да ја откажат посетата на Пелоси на Тајван, во спротивно, НР Кина ќе преземе „силни мерки за заштита на суверенитетот“. Дел од изјавите отидоа уште подалеку, што укажува на можен воен одговор“, пишуваат дел од медиумите.

Пелоси требаше да го посети островот уште во април. Но, посетата беше итно откажана. Според официјалните податоци, поради коронавирусот.

Белата куќа се плаши дека Кина ќе го затвори воздушниот простор над Тајван за да ја задржи Ненси Пелоси надвор од островот. За овие стравувања на администрацијата на Бајден Си-Ен-Ен пренесува дека Пекинг може да преземе ваков чекор пред посетата на претседателот на американскиот парламент на Тајпеј.

Исто така, НР Кина може да испрати свои борци поблиску до островот, на што САД и Тајван ќе одговорат заеднички. Вашингтон е уверен дека тоа „ќе ја зголеми тензијата во регионот“, која и онака е на високо ниво во последниов период.

Пекинг веќе некое време бара од САД веднаш да го повлечат својот план за продажба на оружје на Тајван и да ги прекинат воените врски со островот, изјави портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, полковник Тан Кефеи. Тој нагласи дека во спротивно американската страна ќе биде единствена одговорна за поткопување на кинеско-американските односи и мирот и стабилност во Тајванскиот теснец.