Неизгласувањето на ДУП-ови не смее да биде причина за неодржување на седница на Совет
- Фејсбук статус на Мартин Димовски – член на Совет на Општина Карпош од Политичката Партија Левица
Неизгласувањето на ДУП-ови нарачани од сомнителни инвеститори кои со години ја бетонизираат Општина Карпош, не смее да биде причина за откажувањe и неодржувањe на седниците на Советот.
Работата на градинките, општинската администрација и низа позитивни одлуки кои се во интерес на карпошани се целосно закочени. Како координатор на советничката група на Левица во Општина Карпош никогаш нема да дозволам пазарење со иднината на Општината и карпошани.
Ако некој не е способен и во можност да ги исполни предизборните ветувања дадени кон инвеститорите, тогаш најмалку што може да направи е тој некој да си даде оставка од позицијата на која го донесоа жителите на Општина Карпош, а не инвеститорите.
Борбата за Карпош продолжува!