АктуелноЛокално

Михајловски: Организацијата на „Макфест“ од година во година се влошува

Оваа 2022 година, Фестивалот е предвидено да се реализира според новиот Правилник, изготвен од општинската администрација на Штип, а одобрен од новиот Градоначалник, Иван Јорданов.

И кога сите очекуваа дека новиот Градоначалник ќе воведе професионален пристап и стандарди во однос на организацијата и реализацијата на Фестивалот, на големо разочарување на уметничката фела и искрените поддржувачи на овој фестивал, се случи токму спротивното.

Да одиме хронолошки:
-Откако Министерството за култура одлучи да го поддржи 37-мото издание на Макфест со само 400.000 денари, од Општина Штип го одбија тој непристоен предлог и најавија дека сами со свои средства и нов правилник ќе го организираат ,,Макфест, 2022″.

-Кон средината на март 2022 беше промовиран новиот правилник и според него организациската стуктура на фестивалот ја сочинуваат:
Градоначалникот на Општина Штип, како покровител на Фестивалот;
-Професионален економски оператор од областа на Евент менаџмент, ПР и Маркетинг, како извршно оперативен технички и професионален организатор на настанот;
-Оперативен координатор, назначенен од страна на Градоначалникот, од редот на вработените во Општина Штип;
-Уметнички совет од 5 (пет) членови, со Уметнички директор на истиот, за селекција на композиции по објавен конкурс за Фестивалот, предложен од страна на Градоначалникот на Општина Штип;
-Стручна жири-комисија за доделување на З (три) афирмативни музички награди, составена од 7 (седум) до 10 (десет) членови, предложена од страна на Градоначалникот на Општина Штип.

Според правилникот, Градоначалникот е должен да назначи Оперативен координатор (лице кое е од редот на вработените во Општина Штип). Улогата на ова лице ќе биде административна и логистичка поддршка на Професионалниот економски оператор (кој сè уште не е јавно објавен) за обезбедување на потребните дозволи, локации и решенија, сè со цел непречено одвивање на настаните кои се дел или се поврзани со Фестивалот и ќе претставува линк помеѓу Градоначалникот и Професионалниот економски оператор (на 3 месеци пред одржувањето на фестивалот, за такво лице назначено од страна на Градоначалникот нема информација)!

Според правилникот, Општина Штип е должна да формира Уметнички совет, од лица стручни во делот на музичката уметност. За членови на Уметничкиот совет може да бидат избрани автори и интерпретатори (музика, текст, аранжман, интерпретација), како и истакнати професори во музички училишта, факултети и академии, како и членови од редовите на музички уредници во радиодифузни организации. Сите членови на Уметничкиот совет мора да имаат професионално искуство во својата дејност, не помалку од 5 години.

Еден од членовите на Уметничкиот совет кој се избира со гласање на мнозинство од членовите на Уметничкиот совет, се назначува за Уметнички директор на Фестивалот и го организира работењето и ефикасноста во делот на надлежностите на Уметничкиот совет (за составот на Уметничкиот совет сè уште никаде нема информации, а за претседател на Уметничкиот совет е избран Роберт Саздов)⁉️

Општина Штип го распишува меѓународниот конкурс за фестивалот Макфест по овој Правилник најкасно до крајот на месец Април, а Професионалниот економски оператор е должен истиот да го реализира во оптимален рок во тековната година. Конкурсот ќе биде објавен на веб-страната на Општина Штип и на социјалните профили на Фестивалот, при што ќе бидат соопштени сите критериуми (до овој момент, линк од објавен конкурс не успеавме да најдеме ниту на официјалната веб-страна на Макфест, ниту на фб-профили, ниту на официјалната веб-страна на Општина Штип, а конкурсот е објавен на 3 мај 2022 година со рок за пријавување на истиот до 3 јуни 2022!?

Од сето ова може да се заклучи дека:

-Информации околу распишаниот тендер за избор на Економски оператор за организација на ,,Макфест” сè уште Општината нема објавено, иако крајниот рок за доставување и отварање на понудите е 30.06.2022:
-Информации за Оперативен координатор од страна на Градоначалникот сè уште нема:
-Информации за Уметнички совет од страна на Општината нема, иако има избрано директор на истиот тој Уметнички совет;
-Конкурсот за избор на композиции за Макфест 2022 го нема никаде, иако на 3 мај 2022 истиот е објавен од страна на Општина Штип;
-Заеднички именител за сите овие работи е НЕТРАНСПАРЕНТНОСТА на Општината кон овој најголем бренд на Општина Штип‼️

На шлагот е објавувањето на композициите (дури 4 на број како никогаш до сега‼️) кои поминале на изборот по анонимниот конкурс распишан од страна на Општината⁉️
Ова е крајно несериозен пристап на локалните власти кон еден сериозно долгогодишен бренд како што е ,,Макфест”!
Овој пристап на локалните власти е понижувачки и за композиторите и за авторите и за публиката, која сè уште верно го чека тој макфестовски празничен викенд и живее за него‼️

Од интернационален фестивалски бренд, денеска Макфест е сведен на локална приватна забава‼️ Во Штип има доволно искусни музичари, уметници кои пораснале со ,,Макфест” и на кои ,,Макфест” им значи!

Премногу финансиски средства се издвојуваат за овие 2 фестивалски вечери (околу 75.000 Евра само општински пари) за да сè помине така тајно и дискретно!

Слични недоследности беа посочени и околу ШКЛ – 2022 и засега уште ништо не е искоригирано ,,Летото” си тече со фамозните 11 настана во 9 дена, а во годините наназад траеше по 3 месеца со по 40 настани.

Со сета почит, но ако ја погледнеме програмата на Културното лето на општина Босилово, ќе видиме дека е за нијанса културно побогата од таа на Штип.

За да биде иронијата поголема, на моите две советнички прашања за овогодинешните конкурси за ,,Макфест” и ,,ШКЛ” и по два месеца, одговор од локалните служби сè уште НЕМА‼️ Ајде одговор и да нема, со оглед на тоа што уметноста у културата во Штип ја диктираат економисти, ама транспарентност за трошење на ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ МОРА ДА ИМА‼️