Со ваков закон, пописот е анекс на Тиранската Платформа!

Во своето интервју на „Само Вистина”, лидерот на Левица истакна дека доколку пописот се спроведе со постоечкиот закон, неминовна е федерализација и сецесија на државата.


„Ние досега имаме спроведено три пописи: тој во 94-та кој го бојкотираа Албанците, потоа во 2002 кој беше наместен и фингиран и 2011 кој беше откажан од страна на тогашната власт. Според она што го слушнавме во “бомбите”, тие го откажаа поради масовни нерегуларности на терен, односно популарното попишување преку скајп од Швајцарија. И поради тоа што реалните жители на терен паднале под процентот утврден во Уставот.

Ова е ПОПИС ЗА ОТПИС на Македонците, попис за демакедонизација и попис за штелување на реалноста – односно за косоваризација на Македонија.

Ова е попис кој што се обидува македонскиот конститутивен народ, како државотворен народ, да го сведе на обична етничка заедница – она што ние го блокиравме во Собрание и е продолжеток како таен анекс на Тиранската платформа. Македонскиот народ НЕ Е ЕТНИЧКА ЗАЕДНИЦА, она што се обидува преку оживотворување на некој дух на Рамковнсиот договор да му се одземе приматот и ние да станеме Курди на Балканот, народ без држава. Ова е попис кој што тоа ќе го направи и е еден чекор кон федерализација на државата и во иднина сецесија и создавање на една голема држава.” – истакна пратеникот на Левица, Димитар Апасиев.