Актуелно

СКАНДАЛ ВО ИНДИЈА СО ПОТЕНЦИЈАЛ ДРАСТИЧНО ДА ГИ ВЛОШИ ОДНОСИТЕ НА ЗЕМЈАТА СО САД!

Неодамна, во САД излезе од печат книгата „Разговор со врана“ од Грегори Даглас. Книгата е напишана врз основа на разговори во 90-тите со поранешниот заменик-началник на Дирекцијата за операции на ЦИА, Роберт Кроули (Crow на англиски значи врана, од каде произлегува и насловот на книгата).

Покрај мноштвото други сензационални откритија, книгата содржи директни признанија за убиствата од страна на ЦИА на индискиот нуклеарен физичар Хоми Баб и индискиот премиер Лала Бахадур Шастри во 1966 година. Физичарот беше разнесен во авион на Ер Индија над Мон Блан заедно со многу други патници. Премиерот отруен – почина во Ташкент, официјално од срцев удар.

Сега, по публикувањето на книгата, потомците на убиениот премиер бараат истрага, но, и одмазда. Поточно, убијците на нивниот татко да бидат казнети. Реакцијата на Индија на сето ова може да биде жестока, и сериозно да ги наруши односите со САД.

Подолу ви пренесуваме две страници од книгата, каде може да се забележат грубиот расизам и цинизам на Роберт Кроули кон индијците и Индија воопшто.