Протоколот ја остварува вековната заложба на Бугарија – “еден народ, две држави”
- Фејсбук статус на Јован Крајевски, Координатор на Левица – Сектор политичка економија
Ова е можеби и најопасниот пасус од целиот Протокол што го потпиша Османи. Скриен зад старата, добро-проверена мантра за “жртвите” на “тоталитарниот” комунистички режим, ѕирка концептот на самоопределување, што во ваков контекст единствено може да се разбере како иредентизам.
Имено, самоопределување не значи само слобода еден народ да ја изјасни сопствената етничка припадност (како што фразата “етно-политички” во пасусот пробува да не наведе да помислиме). Самоопределувањето на народите е концепт во меѓународното право наметнат од Ленинистите, со цел (меѓу другото) правно да се легитимира борбата на колонизираните народи за политичка и економска независност од своите колонизатори и империјални господари.
Се наметнува прашањето: за каква политичка и економска независност смета Бугарија дека етничките Бугари во Македонија се залагале, и ако таа заложба била за создавање на “независна” држава на територијата на Македонија (и ВТОРА ДРЖАВА за бугарската нација), дали нашето реафирмирање на осудата и извинувањето заради репресијата на една таква заложба не значи отворена дозвола за иредентизам од бугарската страна во иднина?
Евидентно е дека во Протоколот, иако навидум маскирано, доста експлицитно стои вековната заложба на Бугарија за “еден народ, две држави”. Најмногу поради ова мора под итно да се поништи потпишувањето на овој Протокол!