АктуелноЛокално

Пратениците и Ковачевски зад затворени врати ќе слават за преговорите кои официјално не се отпочнати

Во јавноста денес протече поканата од неизбраниот премиер Димитар Ковачевски до пратениците да го прослават отпочнувањето на преговорите со ЕУ, за кои официјалните документи на Европската Унија велат дека не се отпочнати.

Владата предводена од СДСМ и ДУИ изминатиов период се однесува како да живее во паралелен универзум и непрекинато изнесува информации кои секојдневно се демантираат како од официјалните органи на ЕУ, така и од претставниците на Бугарија. Но сепак, животот во илузија и потценувањето на интелегенцијата на граѓаните од страна на владејачката елита останува да биде секојдневие.

Во клубот на пратеници со почеток од 19:00 часот ќе се одржи прославата (коктел) каде „избраните“ ќе го слават како што велат „отпочнувањето на преговорите со Европската Унија“, но зад затворени врати. За оваа небулоза реагираа и од ДСП Ленка, кои констатираа дека доколку имаше некаков национален успех ќе славеше народот, а не власта зад затворени врати.

Ако беше национален успех ова, власта ќе славеше со народот, наместо да селектираат гости и се затвораат во дупки на коктели.