Исмаил: Зошто научните работници во реакцијата за македонскиот јазик користат „Северна“

  • Фејсбук статус на Реџеп Исмаил (Хактан) – член на президиумот на Левица

Зошто „научните работници“ од МАНУ, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за македонска литература, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, Македонскиот славистички комитет” при својата реакција за јазикот по повод Протоколот користат “Северна”?!

Знаат ли овие институции и нивните кадри дека со Преспанскиот, освен што се промени името на државата, Македонија се откажа од своето малцинство во Егејска и прифати дека јазикот на тамошните македонци нема врска со “јазикот на народот од другата страна на границата, втората страна”?!

Дали овие интелектуалци ги амнестираат Македонците од Егејска Македонија од македонската култура и насушно потребното право на закрила од македонската држава? Дали оваа интелигенција, што се вели, легна на брашно и го афирмираше Преспанскиот договор?

На крајот на краиштата, дали овие интелектуалци се про НАТО-вски? Знаат ли што значи гео-политичката сервилност кон евро-атлантизмот и што тоа до сега му донесе на македонскиот народ? Знаат ли овие наши учени и пеани луѓе каква е судбината на Македонија и нејзиниот народ во меѓународното друштво и сојузништво со атлантските предатори?

Дали нашите интелектуалци се согласни со 100%-тната усогласеност на Македонија со надворешната политика на Унијата – што е состојба дури и сега кога државата ни приближно не е членка на Унијата? Дали воопшто тие знаат што тоа значи?