Крмов порача: СДСМ набргу нема да постои
Овој процес со францускиот предлог се прави за Албанија да започне преговори, а Македонија никогаш да не ги заврши, рече пратеникот на Левица Борислав Крмов на денешната собраниска седница.
„Не е случајно што ова е француски предлог, Франција е најголем противник на проширувањето, а сега ние ќе бидеме секогаш закочени и секогаш криви. За време на преговорите, ние ќе бидеме виновме што нејќеме Илинденска да е бугарско востание, Гоце Делчев да е Бугарин. ЕУ ќе биде раат и ќе се занимава со кризата со Украина“ – рече Крмов.
Тој додаде дека домашните политички фактори лобираат за Албанија, бидејќи, според него, немаат чувство за оваа држава.
„И Зијадин Села повеќе гајле и береше на Албанија – рече Крмов, прашувајќи ги албанските пратеници дали би прифатиле дека Скендер бег е Србин, како што сега гласаат дека Делчев бил Бугарин.“
Според него, СДСМ владее катастрофално за да го оправда Преспанскиот договор и за да не им падне владата.
-Неминовно ви следува пасокизација, со ова ја забрзувате и за кратко време после ова нема да постоите – рече Крмов.