Пратеникот Апасиев го прекина говорот на Урсула
Политичката Партија Левица на социјалните мрежи објави дека Собранискиот канал на МТВ го цензурирал моментот кога пратеникот на Левица го прекина нејзиниот говор со свирче и остави транспарент со наслов „Македонија вели НЕ‘‘. Во продолжение го пренесуваме и целосниот пост.
На денешното обраќање на претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, опозицискиот пратеник и лидер на Левица, проф. Димитар Апасиев со свирежи од свирче го прекина нејзиниот говор и остави транспарент на собраниската говорница со наслов: „Македонија вели НЕ“.
Собранискиот канал на МТВ го цензурираше овој момент од директниот пренос, свртувајќи ги камерите од овој потег на изразување револт од страна на пратеникот на Левица.