Андовска: Не се бориме за власт или функција, се бориме за Македонија
Фејсбук статус на Дарија Андовска – Деканка на Факултетот за музичка уметност при УКИМ.
Џабе пробувате да ни налепите секакви етикети: те насилни биле протестите (со инфилтрирани провикатори од ваша страна); те ксенофобични (јас, лично, во својот говор пред народот, ги поздравив браќата и сестрите Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Евреи, Бошњаци и сите на кои Македонија им е дом); те партиски (има од сите партии, па и од владејачката, но во најголем број се непартиски протестирачи).
Џабе.
Ние не се бориме за власт. Ние не се бориме за функција.
Ние не се бориме за личен бенефит и тендерчиња, за разлика од вашите невалидни “невладини”, кои тепаа полиција со бекатонки и им посакуваа “дивонасељедависеслучи”, кои се инсталираа и ухлебија дебело со “немаправданемамир”, а сега ги нема да гукнат.
Ние, па макар и по цена на сопствена штета, сме СекојДенВоСедум пред влада и се бориме за Македонија, за нашите претци, нивниот образ и гроб.
Ние се бориме за идните генерации да можат слободно да се нарекуваат Македонци, кои говорат македонски јазик, имаат македонска историја, култура, спорт и уметност, македонска наука.
Ние се бориме за вас, за нас, за достоинствена, неуценета и суверена Македонија.
Отворете очи, разбистрете ум и придружете ни се Секој Ден Во Седум. Да живее Македонија!