АктуелноЛокалноНастани

На Шарената Реставрација и се случува Црвена Револуција

Пишува: Горан Лазаревски

Жак Мале Ду Пан рекол дека револуцијата ги јаде своите деца, исто како што Кронос го изел Зевс.

Така и би пред 5 години. Тие што протестираа за правда, демократија и леб доживеаа уште поголеми неправди, рекети, криминали, силувања на демократијата, додека од леб видовме само ухлебување на партиските полтрони во државната администрација. Шарената “Револуција” (или поточно – Шарената Реставрација) начисто ги изеде своите деца.

Но денес дојде време и децата да ја изедат Револуцијата. Доволен е само површен увид во социјалните мрежи и исходот од сево ова е очигледен уште од сега. Како и непосредно пред падот на Грујо, така и падот на СДС-Врховистичка станува неизбежен. Впрочем, и во битката помеѓу Кронос и Зевс, победник на крај е сепак Зевс – и покрај сесрдната поддршка што Кронос ја има од Титаните.

На Шарената Реставрација и се дешава Црвена Револуција. No Pasaran!