Симонов: Власта е ваша, ама државата е наша
- Фејсбук статус на Александар Симонов – координатор на Сектор Надворешна Политика
Државата е многу повеќе од моментална власт, државата сум јас, ти, секој од нас поединечно и сите ние заедно! Државата е историјата пишувана од дедовци и прадедовци, државата е јазикот на кој говорам, на државата и припаѓа она околу нас и се она за што се бореа предците пред нас.
Државата е и емоција, затоа се радуваме кога Кире ќе забие од 9м, или Горан ќе отиде на европско, затоа плачеме кога губиме некој како Тоше, затоа излегуваме на протест и се бориме за тоа што е наше.
Вие господа капит-квинслинзи имате само власт, моментална власт, уште малку! И власта ви дава право да управувате со државниот апарат и толку.
Вие немате создадено јазик, за да му ставате фуснота! Вие немате создадено херои за да ги продавате некому! Вие не сте учествувале во историјата создавана од дедо и прадедо па да ја менувате! Вие во моментот пишувате предавничка историја, историја која предава многу повеќе од ова што го напишав, затоа и ќе завршите на нејзиното буниште.
А ние, ние немаме избор, мора да победиме! Си играте се погрешна генерација! Децата на транзицијата доаѓаат по своето.