(Видео) Aпасиев: Сакам да верувам дека една друга опозициска партија не ја мести утакмицата
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, синоќа имаше свое гостување за Инфомакс во живо од протестот пред Владата. Тој ја истакна загриженоста од она како синоќа протестот се заврши, откако присутните предвреме се разотидоа, бидејќи протестот се претвори во поп концерт:
Сѐ уште сакам да верувам дека една друга опозициска партија не ја мести утакмицата. Тоа ќе биде многу погубно за нив и за целиот народ. Не сакам да шпекулирам. Ќе дадам сѐ од себе за да стапам на контакт на највисоко ниво и оваа утакмица да ја добиеме машки.
Во интервјуто, Апасиев истакна дека отсега понатаму, Левица ја презема одговорноста за текот на протестот и ќе бидат порадикални:
Левица од утре ќе почне пожестоко, ќе почнеме со јајца, тоалетни хартии и други методи. Имаме ние искуство со вакви работи, мислам дека овој гнев на македонскиот народ не смееме да го злоупотребиме и да го издишиме балонот тогаш кога е најпотребно. Мислам дека фали моментот на канализирање на гневот, а тоа се прави на поинакви начини. Жалосно е овој гнев на народот да не успееме да го капитализираме со победа. А таа ќе стигне многу брзо.
Понатаму, тој потенцираше дека нема повеќе простор за тактизирање, клучниот ден е вторник и мора да се преземат конкретни чекори:
Од утре, веќе не смееме да бегаме и треба конкретни чекори за да го спречиме ова. Гневот е голем и мислам дека лошо ќе завршат. Левица не простува, по кривичен законик ќе си лежат 300 години, квалитетно да си излежат за ова што ни го приредија овие години.