Бугарија бара од Албанија македонското малцинство да учи бугарски

Професорката Елка Јачева Улчар на својот профил објави дел од Рамковната позиција за проширување на ЕУ со Македонија и Албанија од октомври 2019 година. Во Рамковната позиција стои дека за „бугарското национално малцинство во Албанија државата мора да гарантира изучување на бугарскиот мајчин јазик”.

Бугарската влада постојано во минатото повторуваше дека без исполнување на Рамковната позиција, Македонија не може да започне преговори со ЕУ.

,,Во делот за Албанија во рамковната позиција се наведува дека „очекуваме правата на бугарското национално малцинство да бидат максимално загарантирани, вклучително и изучувањето, без административни пречки, на литературниот бугарски јазик како мајчин јазик во регионите традиционално населени со нив, како што се Голо Брдо, Гора, Преспа, Корча, Кукес, Елбасан, но и на кое било друго место на територијата на Албанија каде моментално живеат“.

За вечерва повторно граѓаните се мобилизираат да протестираат против францускиот предлог.