АктуелноИнтернационалноОгледало

Пред 68 години САД поддржаа државен удар против Јакобо Арбенц

На денешен ден во 1954 година, САД поддржаа државен удар против Јакобо Арбенц, прогресивниот и демократски избран лидер на Гватемала, бидејки се обиде да им го врати земјиштето на малите земјопоседници и домородните заедници кои беа обземени од американските овошни компании.

Во јуни 1944 година, популарното продемократско движење предводено од универзитетски студенти и работнички организации го принуди Убико да поднесе оставка. Тој назначи воена хунта од три лица да го заземе неговото место, предводена од Федерико Понсе Ваидес. Оваа хунта ја продолжи угнетувачката политика на Убико, сè додека не беше соборена со воен удар предводен од Јакобо Арбенц во октомври 1944 година, настан познат и како „Октомвриска револуција“.

Хорхе Убико бил гватемалски диктатор, кој бил избран зе претедател 1931 година на избори каде што тој бил единствениот кандидат. Во некои наводи се спомнува дека Убико бил најголемиот таранин што Гватемала некогаш го имала, го споредувале со Адолф Хитлер.

Водачите на пучистите формираа хунта која брзо повика на отворени избори. Овие избори убедливо ги победи Хуан Хозе Аревало, прогресивен професор по филозофија кој стана заштитно лице на народното движење. Тој спроведе умерена програма за социјални реформи, вклучувајќи широко успешна кампања за описменување и главно слободен изборен процес, иако на неписмените жени не им беше даден глас и комунистичките партии беа забранети.

По завршувањето на претседателствувањето на Аревало во 1951 година, Јакобо Арбенц убедливо победил и бил избран за претседател. Прогресивниот воен водач од 1944 година ги продолжи реформите на Аревало и започна амбициозна програма за земјишни реформи, позната како Декрет 900. Според него, необработените делови од големите земјишни поседи беа експроприрани во замена за компензација и прераспределени на сиромаштијаните земјоделски работници. Приближно 500.000 луѓе имаа корист од декретот.

Политиката на Арбенц наиде на судир со United Fruit Company, која изгуби дел од својата необработена земја. Компанијата лобираше кај американската влада за соборување на Арбенц и Стејт департментотодговори со инженерство на државен удар под изговор дека Арбенц е комунист. Планот за соборување на Арбенц беше наречен „Операција ПБ Успех‘‘. Долго пред да се спроведе таа операција УФЦ напорно работеше и потроши половина милион американски долари за лобирање во Конгресот и за спроведување на црна кампања против политиките на Арбенц.

Карлос Кастиљо Армас ја презеде власта на чело на воената хунта, предизвикувајќи ја Граѓанската војна во Гватемала. Војната траеше од 1960 до 1996 година, а војската поддржана од САД изврши геноцид врз домородните народи на Маите и широко распространето кршење на човековите права врз цивилите. Војската масакрираше 200.000 Маи кои се спротивставија на режимот.