ВИДЕО: Арбер Адеми од ДУИ со насилничко однесување во Собранието
Арбер Адеми, претседателот на собраниската Комисија за европски прашања од ДУИ и поранешен министер за образование физички ги нападна колегите од опозицијата на комисиската расправа за законските измени со кои на судиите кои треба наскоро да се пензионираат им се предвидува пензија после 3 години од досега предвиденото.
На видеото кое се појави на социјалните мрежи се забележува како пратеникот Арбер Адеми со разни предмети фрлаше низ сорабиската сала и кон пратениците
После пцуењето на собранискиот спикер Талат Џафери кон вработените службеници во собранието и ослободителната пресуда за Нефи Усеини откако учествуваше во тепачка, повторно може да се забележи скандалозно и неприфатливо дивеење на кадрите од ДУИ во собранието. Иако како што велат од ДУИ, НАТО е гарант за нашата безбедност, сепак се поставува прашањето дали навистина вработените и пратениците во собранието се безбедни?