Ванковска: Не се залажувајте со наводното „не“ на Таче

Фејсбук статус на Билјана Ванковска, професор на Филозофскиот факултет при УКИМ

Не се залажувајте со наводното НЕ на Таче и со наводниот успех на “хистеричните” граѓани, интелектуалци и новинари.

Искуството не’ учи дека нашите викаат НЕ само кога и до кога ќе им се дозволи. Штом нема прекин на фарсата со Софија, некои Колозови Молозови пак ќе бидат ангажирани да ве убедуваат дека тази НЕ било Можеби или дури и ДА.

Отпорот не смее да биде симболичен и естраден – треба да се соочиме со дилемата: дали сакаме како Северно/Бугаромакедонци да ПОЧНЕМЕ да преговараме или не?