СДСМ и ДПМНЕ во Македонска Каменица ги користат локалните жители од околните села само како гласачи
- Реакција на Левица – Македонска Каменица
Имено, во предизборните програми двете големи партии го ставија за реализација проектот кој гласи „Изградба на водоводна мрежа во село Косевица, село Луковица, и село Тодоровци‘‘
Овој проект беше најавуван да се реализира првично од страна на тогашниот градоначалник на ДПМНЕ – Дарко Митевски, потоа од страна на претходната градоначалничка од СДСМ – Соња Стаменкова, а потоа и од нејзиниот наследник, повторно од ДПМНЕ – Димчо Атанасовски.
Кога Соња Стаменкова од СДСМ беше градоначалник, жителите на село Тодоровци побараа мала помош во материјали за да ги поправат сопствените извори на вода за да не ја изгубат и таа малку вода што ја имаат повремено во летниот период. И тоа не го добија. Истото се повтори и после една година со градоначалникот од ДПМНЕ – Димчо Атанасовски.
Недозволиво е во 21 век жителите од руралните средини да немаат вода за пиење!
Исто така недозволиво е СДСМ и ДПМНЕ да им ветуваат на жителите решение за нивните проблеми кои не би ни требало да бидат проблеми во 21 век, а со тоа да ги манипулираат за да добијат глас повеќе за нивните функционерски фотелји.
Со таквите постапки СДСМ и ДПМНЕ потвдруваат дека жителите од руралните средини ги користат само како гласачи за лични интереси, а интересите и потребите на локалците се занемаруваат. Со тоа на виделина излегува дека двете партии се во основа исти и работат само за интересите на поединци.
Левица – Македонска Каменица ги повикува локалните власти да ги решат децениските проблеми на жителите и да почнат да работат за интересите на народот!