Актуелно

Макрон нè нарече „Северномакедонци“, а Османи ѝ се заблагодари на Франција

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, чија земја претседава со ЕУ до крајот на месецов, се надева дека сѐ уште е можен договор меѓу Скопје и Софија за преговарачката рамка, јави дописничката на МИА од Брисел нагласувајќи дека Макрон го употребил изразот „Северномакедонци“.

„Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања и е компатибилен со тоа што Северна Македонија може да го направи, потребно е видливост и доверба, во следните часови ќе има гласање на бугарскиот Парламент, ќе гледаме кон бугарскиот претседател и партиите од сегашното мнозинство, опозициските партии, рече Макрон, и додаде дека со „Северномакедонците“ во следните часови ќе разгледува начин да се склучи договорот, за до идната недела да помине на амбасадорско ниво и да се деблокира процесот“ – изјави францускиот претседател Макрон.

Освен што Макрон не нарече „Северномакедонци“ тој ја поздрави храброста на некои лидери во земјава како Зоран Заев, кој го смени Уставот и името на државата. Откако бевме наречени „Северномакедонци“, Министерот Османи, наместо протестна нота, се заблагодари на Франција, за предлогот кој не е прифатлив за Македонија.

„Француското претседателство беше многу внимателно при срочувањето на текстот внимавајќи на сензитивностите на двете страни и затоа прашањата кои не беа прифатливи за нас ги стави како недефинирани предлози (во заграда) за да потенцира дека тие се прашања кои не се решени. Оттука ние само можеме да се заблагодариме на Француското претседателство но моравме да го одбиеме нивниот предлог во ваква форма, токму поради деловите во него за кои бугарската страна без никаква аргументација не покажа разбирање“ – објави министерот Османи.