Левица: Правилникот на Бектеши за обновливи извори на енергија е несуштински популизам
- Реакција на Политичката партија Левица
Новиот Правилник за обновливи извори на енергија нуди неиздржани и половични решенија за слоевит проблем, додека е предвиден како дискриминирачки спрема мнозинството граѓани.
Правилникот за обновливи извори на енергија им овозможува на богатите да ги намалат трошоците за електрична енергија, додека за мнозинството граѓани кои се на работ на егзистенцијата, се предвидува да бидат повторно извесени.
Дополнително, ниско-напонската мрежа, за оптимална работа без дополнителни загуби, дозволува приклучување на генераторски уреди до 4 Kw инсталирана моќ. Се’ над ова ќе продуцира дополнителни загуби и губитоци на енергија, поради основната намена и димезионираноста на дистрибутивната мрежа.
Примери за дискриминација:
-Ако се знае дека за 25 Kw инсталирана моќ треба нешто повеќе од 700 m² кровна површина, што значи 4 фотоволтаични централи од по 6 Kw исталирана моќ – тогаш, како власта ќе им обезбеди, во една стамбена зграда со повеќе станбени површини, на сите станари еднаква можност да стават сопствена фотоволтачна централа на кровот на сопствената зграда?
-Како едно просечно македонско семејство ќе си дозволи инвестиција за фотоволтаик на сопствен кров, а едвај преживува во ова време на економска рецесија?
Примери за популизам:
-Како власта ќе ги реши техничките загуби и пренапони што ќе се јават во дистрибутивната мрежа со допуштање на поголема инсталирана моќ од 4 Kw на 6 Kw?
-Кои се придобивките од зголемувањето на инсталираната моќ, ако не е популизам, кога се знае дека се’ над 4 Kw прави поголема штета од добивка?
Левица долго време нуди системски решенија за минимизирање на трошоците за електрична енергија за секое македонско семејство.
-Проектот “народни електрани”, каде секое семејство ќе има сопствена фотоволтаична централа, е единственото одржливо, долгорочно решение за искористување на сончевата енергија во корист на граѓаните.
–Изградбата на сите хидро-потенцијали од буџетски средства е концепт во полза на народот и државата
-Долгорочни стабилни договори за снабдување со природен гас со земји кои го поседуват.
–Конкретна помош на секое семејство за инсталирање на колектор за топла вода.
Јасно е дека пристапот кон решенијата на Левица е во спротивност со бизнис интересите на енергетската мафија, која е дел од владината елита. Затоа, како општествено одговорно партија која ги штити интересите на државата и народот, повикуваме на оставка на владината гарнитура за да можеме да ги санираме последиците од тековната криза.