АктуелноЛокалноСтав

Општина Велес го има убедливо најскапиот претседавач на Совет

  • Фејсбук статус на Игор Смилев – советник од Левица во Општина Велес

ОПШТИНА ВЕЛЕС го има убедливо НАЈСКАПИОТ претседавач на Совет од ослободувањето на Велес на 09.11.1944, до ден денешен.

Зоран Љутков иако има лична карта со место на живеење во Велес, тој живее и работи во Скопје (глуми, синхронизира турски серии и друго)

Проблемот настанува кога треба да се стави потпис на некој документ, а Љутков не е во Велес, па Општина Велес по службена должност со пари на граѓаните го испраќа шоферот во Скопје( со некој од службите) за да биде парафиран одреден документ.

Во ситуација кога цените на горивата бележат рекордни вредности, ова е буквално поигрување со општинскиот буџет и парите на велешани.

Во таа насока предлагам:

Шоферот кој добил задача да го посети Љутков, претходно во FB групата Veles- Skopje – Veles да го објави времето на поаѓање за Скопје, и притоа задолжително да земе три/ четворица велешани кои чекаат превоз за Скопје, и истите да ги превезе до саканата дестинација!

Да се задолжи шоферот , по потпишувањето на документите од Љутков, своето враќање за Велес да го најави во споменатата група, и назад да земе нови три/четворица што патуваат од Скопје за Велес.

Сметаме дека на овој начин ќе се оптимизираат трошоците што Општина Велес во моментов ги прави поради г-дин Зоран Љутков на сметка на градскиот буџет и велешани воопшто.

Да напоменеме дека Општина Велес има проблеми да си ја плати струјата и основните режиски трошоци, од јануари 2022 прогласи строго штедење, а од друга страна, неразумно и сосема непотребно троши огромни средства за да ги задоволи каприците на Љутков!

Велес ќе живее, ама не вака!

Срамота е!