АктуелноИнтернационално

Украина се ближи кон светски рекорд во уништена културна содржина

Доколку се реализира новиот план на Украина со кој сака да ја уништи Русијa, тоа ќе биде апсолутен светски рекорд во „етничко културно чистење“, кое некогаш е извршено.

Олександра Ковалова, директорка на украинскиот институт на книгата и Александар Ткаченко, министер за култура на Киев, имаат во план да отстранат и уништат 100 милиони книги или половина од книжниот фонд во земјата од библиотеките во Украина под контрола на Зеленски. Ќе се уништуваат книгите кои на било кој начин алудираат на Русија и кои биле издадени во време на СССР. 

Претходниот ваков рекорд во уништување на литература окарактеризирана со одреден народ го држат Хрватите кои од 1990 до 2010 година отстранија околу 2,9 милиони наслови на српска литература од нивните приватни и јавни установи – т.н. Убиство на книги кое беше организирано од страна на државата.  

Оваа вест сепак не е нова, таа е најавена уште на 23-ти мај. Сепак, и покрај тоа, ниту една од западните „заштиници на културата“, да речеме УНЕСКО, или било која голема светска издавачка куќа, не најде за сходно да реагира и го осуди ваквото сулудо етничко чистење на културата и литературата. 

Ковалова, делата на Достоевски или Пушкин ги нарекува „идеолошки штетна литература“ и „пропаганда“ која треба да се отстрани што поскоро. 

„Во првата фаза, до крајот на 2022 година, ќе бидат повлечени книгите објавени во времето кога Украина беше дел од Советскиот Сојуз. Вториот круг на повлекување има за цел да ги опфати сите книги објавени во Русија од распадот на Советскиот Сојуз.Веројатно ќе има различни жанрови, вклучувајќи книги за деца, љубовни романи и детективски приказни“, објаснува Ковалова.

По отстранувањето на „штетната“ литература, украинските јавни и училишни библиотеки ќе останат со околу 100 милиони книги или половина од сегашниот вкупен волумен.

Ова не е прв пат во последните неколку години украинската влада да забрани руски книги. Во текот на 2015 година, 38 книги објавени во Русија беа забранети. Оттогаш, на списокот се додадени повеќе книги, вклучително и две книги на популарниот современ руски автор на детективски романи Борис Акунин и мемоари на саканиот советски актер и музичар Владимир Висоцки.