АктуелноЛокално

Протест на стоматолозите пред Министерствто за здравство

Денес, стоматолозите кои имаат приватни ординации ширум државата, со почеток од 12 часот одржаа протест пред Министерството за здравство. Тие побараа повеќе да нема запишување на матични пациенети, финансирање по пат на капитација, туку воведување нов модел за исплата во стоматолошката здравствена заштита.

„Досега сме финансирани по пат на капитација и партиципација, односно од пациент Фондот за здравство ни исплаќа по 48 денари. Таа пракса е воспоставена од 2005 година. Од тогаш до сега поминаа 17 години и ништо не е сменето.“ – Вели д-р Жарко Ѓоргиев, еден од организаторите на протестот.

Стоматолозите велат дека капитацијата од 45 денари, која беше покачена за 3 денари е премала, споредено со степенот на зголемување на тековните, како режиски така и трошоци за стоматолошки материјали.

„Почетното финансирање по пат на капитација од 45 денари, покачено е само 3 денари. Во меѓувреме, трошоците на приватните здравствени установи енормно се зголемија. Бруто плати на стоматолошкиот тим и режиски трошоци струја, вода, стоматолошки материјали и опрема. Животниот стандард е покачен. Тоа доведува до огромна диспропорција во финансирањето и издатоците на една приватна здравствена установа.“

Деталите од барањата кои ги претстави д-р Жарко Ѓоргиев, претседател на од Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина, кое беше организатор на денешниот протест можат да се најдат на овој линк.

„Овие 17 години без разлика на тоа која партија е на власт никогаш не добивме поддршка. Денес министерот, и покрај тоа што е стоматолог по професија не не’ прими да ги сослуша нашите барања. И овој игнорантен однос кој со години се влече никако да биде решен. Единствено Левица беше партија отворена да ги сослуша нашите барања.“ – Изјави стоматологот Зоран Трајков.

Тој истакна дека егзистенционален проблем најчесто имаат стоматолошките ординации кои работат со пациенти со ниски примања.

Не добивме поддршка ниту од ВИП ординациите, ниту од оние елитните. Ние како стоматолози на кои најчести пациенти им се луѓето со ниски примања, социјални случаи или воопшто од најниските економски слоеви, не добиваме никаква поддршка од државата. Ако продолжи тековната инфлација ние нема да можеме да егзистираме“, – додаде Трајков.

За кризата која се отсликува во секоја општествена сфера, говори фактот што преку 72% стоматолошки тима (од вкупно 1.211) кои имаат склучено договор со ФЗОСМ, имаат запишани под 1.500 пациенти – кои претставуваат потребен минимум за да овие стоматолошки установи поминат минимална плата за доктор и сестра од 12.000 ден и основните режиски трошоци на амбулантата.