АктуелноЛокално

Апасиев: Со заклучувањето на пратениците Талат стори кривично дело

На вчерашната Седница во Пленарната сала на Собранието на Република Македонија, од страна на Спикерот Талат Џафери беа заклучени голем број пратеници на кои не им се дозволуваше да ја напуштат салата.

По овој инцидент, Лидерот на Политичката партија Левица се огласи на социјалните мрежи и констатираше дека ваквата постапка на Спикерот е кривично дело.

„Со заклучувањето на пратениците во пленарната сала на Собранието, Талат не само што стори кривично дело, туку и целосно го изгуби кредибилитетот да го води парламентот! Од вкупно 120 пратеници, треба пет – за да почне постапката за интерпелација.“

Во својот статус на социјалните мрежи Апасиев истакна дека заедно со пратеникот Крмов се спремни да ја отпочнат оваа постапка.

„Двајцата пратеници на Левица стојат на располагање. Се бараат уште тројца јунаци и да почне процесот.“