Без исполнување на турските барања Шведска и Финска не можат во НАТО

По најавената интеграција во НАТО пактот од страна на Шведска и Финска, Турција одлучи да ја искористи својата позиција и согласно моќта која ја дава внатрешната регулатива на воениот пакт кој врши опресија на народите и да постави барања кои се од нејзин национален интерес.

Пристапувањето во НАТО на Шведска и Финска нема да продолжи се додека не се исполнат турските барања, изјави портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин на прес-конференција во Анкара по разговорите меѓу Турција и делегациите на Шведска и Финска.

„НАТО е безбедносен сојуз, така што најфундаменталното прашање на оваа алијанса е безбедносните грижи да се решат подеднакво и праведно за сите членки на алијансата“, – изјави на пес-конференцијата Ибрахим Калин.

„Сакаме да се преземат конкретни мерки против терористичките организации. Сакаме да се преземат јасни чекори за решавање на безбедносните грижи на Турција“ – додаде тој.

На прес-конференцијата во Анкара, од турска страна јасно беше нагласено дека без исполнувањето на овие барања, за Финска и Шведска нема интеграција во НАТО пактот.

„Доколку не се исполнат барањата што ги наведов, овој процес приклучување на Шведска и Финска во НАТО не може да продолжи“ – заклучи портпаролот.