Смилев: Спомен-Костурницата е заборавена во Велес
9-ти мај 2022. Ова е спомен Костурницата во Велес во чест на паднатите борци против фашизмот. Популарно наречена „Велешка герника„. Најсветлата ѕвезда од нашето тешко и мрачно соѕвездие. Во овие плочи лежат и моштите на великанот, револуционер и антифашист Рацин – единствениот од Велес кој е прогласен од УНЕСКО за светско културно наследство.
Денес на најсветлиот ден, овој светилник на слободата зјае празен, заклучен, заборавен од Општина Велес, од градоначалникот , од авторитетите, и од полубоговите. Денес материјалното го победува историското, а некогаш револуцијата го победуваше фашизмот.
Некогаш историјата ни беше оаза на гордоста , а денес ја претворивме во пустина на срамот!
Небото денес над Велес е светло и чисто, но темни и бурни облаци надвиснуваат над реалноста!!!!
На плочите, се уште остануваат врежани зборовите кои вечно не потсетуваат на идеалите на антифашизмот. Тие не можете да ги избришете:
„Во оваа костурница на бесмртните згаснува храброста. Таа е вткаена во нашата слобода‘‘
„Нивната смрт – најубавото соѕвездие на нашето небо‘‘
„Како смртта вечна што е, така борба д’лго трае‘‘