По повод денот на победата над фашизмот, локалниот огранок на Левица во Гевгелија положи цвеќе на спомениците на борците од НОБ
Во борбата против фашизмот свој придонес даде и македонскиот народ, прво преку партизанските одреди, а на крај од војната и преку Народноослободителната војска на Македонија.
Таа борба е со двојно значење. Од една страна тоа беше придонес во светската борба против фашизмот, а од друга страна тоа беше борбата преку која се оствари вековниот сон на македонскиот народ за формирање на посебна македонска држава и остварување на правото на самоопределување на македонскиот народ.
Смрт на фашизмот, слобода на народот!