АктуелноИнтернационално

Шин Фејн слави историска победа на изборите во Северна Ирска

Изборите за Собрание на Северна Ирска се одржаа на 5 мај, а пребројувањето на гласовите заврши рано изутрина при што се пополнети сите 90 места.

Шин Фејн за прв пат ќе биде најголемата партија во Собранието на Северна Ирска со освоени 27 места пред ДУП, која има 25 места.

Шин Фејн сега е најголемата партија во собранието и може за прв пат да ја номинира Мишел О’Нил за прв министер, која всушност е и лидер на партијата.

Партијата е против Северна Ирска да биде дел од Обединетото Кралство и е за обединета Ирска.

Мишел О‘Нил рече дека тоа биле избори на вистински промени и претставуваат клучен момент за политиката и народот во Северна Ирска

‚‚ Денешниот ден воведува нова ера за која верувам дека на сите ни дава можност повторно да ги размислиме односите во ова општество врз основа на правичност, еднаквост и социјална правда‘‘ додаде таа.