АктуелноИнтернационално

ООН: Немаме информации што укажуваат на геноцид во Украина

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права при Организацијата на Обединетите Нации нема докази дека во Украина биле извршени акти на геноцид за време на руската специјална воена операција. Ова на брифинг во Женева уште пред десетина дена го изјави официјалниот претставник на овој сектор Равина Шамдасани.

„Немаме информации што укажуваат дека е извршен геноцид“, рече таа.

Претседателот на САД, Џо Бајден за време на разговорот со новинарите во средината на април рече дека настаните во Украина му изгледаат како геноцид. Лидерот на САД истовремено истакна дека експертите треба да дадат оценка за тоа што се случува.

Прес секретарот на претседателот на Руската Федерација Дмитриј Песков, коментирајќи ги зборовите на Бајден за геноцидот, истакна дека Кремљ категорично не се согласува со таквите изјави. Тој, исто така кажа дека ваквата реторика на лидерот на земјата во чии бомби загинаа стотици илјади луѓе ширум светот е неприфатлива и непростлива.