Сојузот на средношколци застана против просветните работници и ги фаворизира одлуките на Владата
- Реакција на Црвена Младина
Очигледно дека сојузот на средношколци индиректно ја фаворизира положбата на владата со нивното барање да се прифати понудата на Владата во преговорите со СОНК.
Со ова, сојузот на средношколци демонстрира пред се незрелост при пристапување на оваа проблематика, бидејќи квалитетот на наставата пред се зависи од задоволството на просветните работници.
Крајно е несолидарно од страна на Сојузот на средношколци да се бара од просветните работници да се откажат од своите барања и да престанат со штрајкот, во услови кога платата на нивните професори како резултат на инфлацијата секојдневно се намалува.
Не е доста тоа што Владата се ползува со најразноразни притисоци и закани со цел да го обесхрабри штрајкувањето на просветарите, па во неговото гостување на Сител Телевизија, претседателот на Сојузот на средношколци исто така индиректно го впери прстот кон просветните работници.
Црвена Младина во целост го поддржува штрајкот и воедно ја поздравува одлуката на СОНК штрајкот да продолжи. Секој работник, а меѓу нив и просветните работници мора да се избори за фер третман, во систем кој постојано ги обесправува.