Овој петок ве покануваме на проекцијата на филмот „Циганская дорога“ од македонскиот режисер Мирослав Блажески.
Филмот зборува за Николај Иванов, руски Ром кој целиот свој живот се занимавал со коњи и живеел со сонот за изградба на хиподром за коњски трки. Сепак, во животот на Николај се случува трагедија – одеднаш сите негови коњи се украдени…
Режисерот на филмот Мирослав Блажески е роден во Скопjе. Во 2024 завршил факултет за режија на документарен филм во класата на Андреj Осипов на Универзитетот за кинематографија ВГИК „С.А. Герасимов“ во Москва.
Филмот е на руски јазик.
Евентот може да го видите на следниот ЛИНК

