Анти НАТО протести на концерт на воени оркестри на АРМ и САД во Скопје (ГАЛЕРИЈА)

За време на концертот кој се одржува кај популарниот парк во Аеродром „Авионче“ со почеток во 18.30 часот триесетина членови и симпатизери на политичката партија Левица со транспаренти мирно протестираат против НАТО алијансата.

Концертот на оркестрите на АРМ и НАТО се одржува како дел од предвидените активности во пресрет на вежбата “Swift Response 22” објави вчера македонската армија.

Преку своите транспаренти членовите на Левица го искажуваат својот став за улогата на НАТО во глобални рамки како и за улогата на САД во повеќе воени интервенции низ светот.

Концертот и протестите се одржуваат на локацијата во скопската населба Аеродром позната како ,,Кај авиончето” каде што постојано има поставен авион од екс југословенската народна армија.