Предлог-законот за обештетување на стечајците на дневен ред на денешната собраниска Седница
- Соопштение на Политичката партија Левица.
Пратениците на Левица на 4-ти Април го поднесоа Предлог законот за материјално обезбедување на стечајците. Истиот ќе се најде денес на дневен ред, на 69-тата седница во Собранието.
Овој предлог-закон ги опфаќа лицата коишто изгубиле работа по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок кои оствариле право на паричен надоместок од 1-ви јануари 1993 година, кои се невработени и се со стаж во претпријатија со доминантна сопственост на државата.
Со предложените законски измени:
– Стажот од 14 години се намалува на 10 години, затоа што многу од стечајците работеле без пријавен стаж;
– Месечното обештетување се крева од 34% од просечната плата на 40% од просечната плата , односно 12 000 денари;
– Возраста за исполнување на условите за материјално обезбедување се определува на граница од 52 години за жена и 55 години за маж;
– Наместо неколку месеци рок за пријавување по објавувањето на законот, периодот се зголемува на една година;
Левица е единствената парламентарна партија која ги слушна барањата на стечајните работници, кои беа обесправени со минатиот закон, бидејќи истиот не се однесува на сите стечајни работници.
Левица е единствената партија која во тековните услови на економска и енергетска криза, донесе продуктивно и конечно решение за овие граѓани.
Дали останатите партии ќе го поддржат ова законско решение и конечно ќе биде ставен крај на транзициската сага на голем број работници, останува да видиме на денешната седница.