Калогера: Бугарија сака сантим по сантим да ја уништи Македонија
- Фејсбук статус на Горан Калоѓера, хрватски славист и македонист, редовен професор по македонистика и кроатистика на Универзитетот во Риека, Хрватска.
Таман малку се потсмирив, ме вознемири веста за отворањето на Центарот за култура „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Како прво, Македонците многу добро знаат кој бил Ванчо Михајлов и како тој ја гледал Македонија, се разбира во рамките на бугарската држава.
И сега во слободна и независна Македонија се отвора Центар со архивски материјал и над 2.000 учебници со тенденција за „превоспитување“ на Македонците во Бугари. И сето тоа се одвива на највисоко ниво, таму е бугарскиот премиер со неговата придружба и сето тоа е за Македонците да се запознаат со бугарската историја.
Приказни за мали деца, наивни, распродадени души и глупава влада. Секогаш, повторувам секогаш, а особено во 19 век, Бугарите, заедно со Грците и Србите, ги отуѓувале, ги отуѓувале Македонците, убедувајќи ги во нивните училишта и цркви дека се Бугари. И сега продолжува, нешто посуптилно, но суштински исто.
Ова порсеќа на грчката поговорка: „Не им верувајте на Данајците кога носат дарови, овие дарови се отровни и опасни.“ – Тоа е континуиран процес на асимилација на Македонците „сантим по сантим“ сакаат еден ден целосно да се уништи македонската нација, нејзиниот јазик, култура и минато.
Тоа е бугарската примарна цел, зацртана одамна која продолжува во нејзината реализација до денес.