Османи крие што се е прифатено во преговорите со Бугарија

На денешната прес-конференција во Скопје, Министерот за надворешни работи Бујар Османи, соопшти дека постои одреден документ кој Владата веќе го прифатила, по однос на преговорите со Бугарија.

„Да, има еден таков документ којшто ние сме спремни да го прифатиме, меѓутоа се додека не добиеме одговор дека е прифатлив и за Република Бугарија сметам дека не се созреани тие предуслови за да можам јас да ги информирам пратениците и јавноста, бидејќи тој може да биде одбиен и тогаш сето тоа би било непотребно, истакна Османи, одговарајќи на новинарски прашања за можен договор со Бугарија.“

По оваа изјава на Министерот, во јавноста се создаде бура од реакции. Причината за ова е големата недоверба која ја имаат граѓаните во оваа Влада, која патем не е избрана на избори и нема легитимитет.

Дополнително, доколку се земе во предвид и фактот дека овој документ се’ уште се крие, како од јавноста, така и од пратениците, создава оправдани причини за недоверба кај граѓаните.