(Видео) Тендерите помеѓу ЈП Градски паркинг и Некстсенс
- Прес-конференција на Политичката партија Левица.
Владимир Кроневски е еден од првите директори кои ги назначи Димитар Ковачевски по стапување на премиерската функција. На Кроневски ова нема да му биде прва јавна функција, сега тој е в.д. директор на Службен Весник, а претходно бил раководител на секторот за јавни паркиралишта како и помошник директор во ЈП Градски Паркинг. Воедно, тој е и член на Советот на Општина Карпош во минатиот советнички состав.
За време на неговото раководење со ЈП Градски Паркинг, јавно достапни се информациите за 20 тендери во износ од над 2 милиона и 600 илјади евра кои се доделени на ИКТ компанијата НекстСенс, во која неговиот брат Васко Кроневски е извршен директор и ко-сопственик.
Апелираме до Државната комисија за спречување на корупцијата да утврди дали се можни импликациите за судир на интереси и коруптивно влијание поради роднинската врска помеѓу овие две лица.