Цензурата на современиот розов неолиберализам

  • Фејсбук статус на Јосиф Џолев.

Гаден модерен современ розов неолиберален фашизам. Никогаш никаде, цензура за доброто на народот. Никогаш никаде, ќе ја ограничиме слободата на говор во има на слободата. Секогаш, има разлика помеѓу говор на омраза и ти го мразам …… говор.

Централната власт преку инструментите фактчекери кои на пример кај нас е се што произлегува од фашистичкиот Метаморфозис, Хелсиншки и слични, на Жарко, Филип и слични, од типот на вистиномери, цивили, како и преку нацистичките невладини на Царовска, а и како преку Мирко Попот и слични, со неговите штанцања на некултурни неморални наркомански здруженија за доведување до колапс на една две три генерации,.. се иднината која Ви сервира, и која тек ќе Ви сервира што ќе гледате, читате, слушате, како и што смеете да пишувате, да зборувате, да мислите.

Вашето однесување ќе се контролира до таа мера што не смее ни да помислите дека може да си дозволите дури и како шега да објавите дека во авион Ноле ја чита книгата на Грујо.

Ќе се контролираат шегите.
Ќе се забрани шегата.
Ќе нема потреба да се шегувате.
Чарли Чаплин како се лизга на лушпа од банана ќе Ви е доволно добра смешка за следните 7 дена.

Преку литературата за здрава исхрана, здраво тело, здрав дух, како и како утре да сте поуспешни од денес, 12 правила за правилен живот, 18 правила за најправилен живот и 45 правила за неверојатно правилен живот, ќе ви се објасни како да живеете посреќно, побогато и подолго, се она што во Светото Писмо Ви се ветува за подоцна, сега имате можност ако се придржувате до она што ќе Ви го кажат, да го доживеете и на овој свет, да се навикнете полесно на сите благодети што Ви следуваат и Ве очекуваат подоцна, но сега тука, нешто за кое секој копнее од прв ден на хомосапиенсот надвор од Рајската градина.

Решение за стравот од смртта и желбата за вечен живот на тацна со локум, заеби го Фројд.

Тоа што баш Вие немате можност/пари ниту за здрав живот, ниту за здрава храна и слично, што немате можност на достоинствен здравствен систем, образовен систем, општо систем, тоа е само поради Вас самите, Вие не сакате да Ви е убаво, има нешто негативно длабоко во Вас и Вие или ќе работите на тоа во Вас или навистина ќе ја гледате вистината така бедно и тажно,.. додека работите 2 до 3 смени на ден. Така ќе пишува во новото римастерд Евангелие по Лука,.. т.е. наскоро ќе пишува дека отсекогаш и така пишувало по Лука,.. за Ваше добро.
Најголем достиг на новиот современ неолиберален фашизам, виртуелната емпатија, ќе го заземе тронот на она што, кон кого, кога и колку треба/ќе треба да чувствувате.

Најголемото зло на човештвото некогаш не можете повеќе да го спречите.

Она што ќе произлезе од него се бесконечни страшни можни последици/дијагнози, без можност за брзо опоравување, барем не пред целосен колапс на се што знаеме моментално како цивилизација, со овој ваков хомосапиенс како дел од таа цивилизација.

Деновиве во Канада се подготвува Закон кој целосно ќе ги заштити граѓаните на Канада еднаш засекогаш од невистините што се шират по социјални медиуми, телевизии, весници, па дури и како разговори пред кооперации. Наскоро Канада ќе го изгласа Законот за Цензура и со тоа државата 100% ќе ја контролира вистината, за доброто и слободата на граѓаните на Канада.

Според планот, нормално, Владина агенција ќе го контролира сето тоа, а откако таа ќе ги поставела темелите, надлежноста ќе ја предаде во рацете на нивните Метаморфозис и Хелсиншки, кои ќе ја доставуваат до граѓаните само вистината, а и ќе ги штитат правата на граѓаните пред невистинита.

Ќе се апсат сите што го повредуваат правото на оној кој ја знае вистината, кој сака да ја знае вистината.
Многу наскоро во Канада граѓаните ќе имаат пристап само до вистината, ќе ја знаат само вистината,.. блазе им.
Уште поскоро вистината ќе почне да се шири и во другите слободни светови на западната демократија, кон која целиме и ние и под чив чадор сме и ние.
Наскоро и кај нас ќе ја знаеме вистината и само вистината.

Секој на секој ќе му става лајк, бидејќи нема да е возможно да не се согласувам со тебе. Мислам дека и ќе нема потреба од лајкови, бидејќи се подразбира дека исто размислуваме. Дури и ќе нема потреба од муабет, т.е. воопшто ќе нема ни потреба да размислуваме, државата преку фирмите на Метаморфозис ќе ни пишат како размислуваме, а на нас ќе ни преостане само копи пасте да направиме.

Блазе ни…