Мојсоска: Податоците од пописот се фрапантни и жалостни
Во вчерашната дебата на емисијата ‚‚Само Вистина‘‘, генералниот секретар и член на Президиумот на Политичката партија Левица, Јована Мојсоска во однос на пописните резултати кои беа објавени во јавноста пред некој ден изјави:
,,Податоците од пописот се фрапантни и жалосни, Струга има изгубено 12.000 жители, тоа е големина на еден мал град. Опаѓањето на бројката не е поради тоа што Левица повика на бојкот, туку е поради фактот дека владите во изминатите години ја доведоа Македонија до најсиромашна држава во Европа и ние имаме наплив од иселеници. Бројките на пописот одговараат само на ДУИ и тоа е очигледно.‘‘
Мојсоска дoполнително посочи дека пописот не е оспорен само од Левица, туку дека и коалициони партнери на СДСМ кои учествуваа во изгласувањето на Законот, а не ги признаваат пописните резултати. Таа рече дека пописот се одвивал по спротивна методологија на Еуростат.
‚‚Лица можеа да се попишат без прикажување на лични карти, ова не е попис по европски стандарди.‘‘- изјави таа.
Во продолжение посочи дека Левица поднесе уставна иницијатива каде ги оспори сите спорни и сомнителни моменти кои беа во контрадикција на Уставот. Пример, друго лице да даде ваши лични податоци, (матичен број) на попишувачот е во спротивност со членот 18 од Уставот, каде се гарантира правото на приватност на личните податоци.
Мојсоска додаде дека Левица во контекст на ова поднесе и кривични пријави против директорот на државниот завод за статистика Апостол Симовски, како и против заменик директорот за организирање на попис во време на пандемија.