Русија и Иран ќе користат сопствен систем на плаќање надвор од СВИФТ
Русија и Иран ја разгледуваат можноста за признавање на рускиот систем „МИР“ за плаќање за електронски трансфери на средства, како алтернатива на глобалната мрежа на Здружението за светски меѓубанкарски финансиски телекомуникациски (SWIFT), изјави во иранскиот амбасадор во Москва.
„Вложуваме напори во оваа насока за во иднина да спроведеме добри чекори на ова поле“, рече Ќазем Џалали, амбасадорот на ИР Иран во Москва.
Џалали објасни дека разговарал со руски претставници за признавање на платниот систем „МИР“.
Во 2017 година, Централната банка на Русија го воспостави системот МИР, по воведувањето меѓународни санкции кон земјата кои започнаа во 2014 година. Во одговор на ова Централната банка разви и домашна финансиско-комуникациска платформа, Системот за пренос на финансиски пораки, „SPFS“.
Централната банка на Русија соопшти дека во 2020 година околу два милиони финансиски кореспонденции, или околу една петтина од рускиот внатрешен сообраќај за финансиски пораки, биле обработени со користење на руски системи. Тие имаат цел овој процент да се зголеми на 30% во 2023 година.
На 3 март, во Службениот весник на Европската Унија се објави дека ЕУ отстранила седум руски банки од системот за пораки SWIFT што ги поддржува глобалните трансакции како дел од нејзините санкции против Русија поради нејзините дејствија во Украина.
Претходно, американските санкции беа насочени кон голем број руски банки, вклучително Сбербанк и ВТБ кои управуваат со околу 80% од сите банкарски салда во Русија.