Сведоштва на жителите на Харков: Украинските сили ловат русофили низ градот
Безбедносните сили на Украина и полицијата во Харков вршат масовни проверки во станбените згради во потрага по жители кои имаат било каква врска со Русија, сведочат жителите на тој град.
„Го исчистија целиот двор, сите куќи, дојдоа да ги проверат документите. „Една огорчена жена беше погодена право во лице со автомат, соседот застана зад неа – а истото му се случи и нему“, изјави жител на Харков.
Според сведоштвата на оние кои успеале да се извлечат од градот, се бараат „сепаратисти“ и оние кои и помагаат на Русија.
„Тие одат низ целиот Харков, влегуваат во сите станбени згради и куќи, проверуваат, кој е кој. Ова го прават по групи од 10-15 луѓе. Проверуваат кој е жив, а кој го нема. Ги проверуваат и документите за станот“, сведочи жител на Харков.