Мицкоски: Не планираме засега да ги оспориме двојазичните полициски униформи

Најголемата опозициска партија во изминатите неколку денови не се произнесе кој е нејзиниот став по однос на уставноста на двојазичните амблеми на полициските униформи, а пак Левица повикувајќи се на амандманот 5 од Уставот посочија дека ова е противуставно и ги разгледуваат сите можности за евентуално покренување на постапка за оспорување.

„Уредбата е спротивна на амандманот V од Уставот, согласно кој службен јазик на целата територија е македонскиот јазик и неговото писмо. Оваа Уредба е спротивна и на Законот за полиција согласно кој, полицијата ја врши унифицирано својата работа на целата територија на државата. Притоа, веќе постои Правилник со кој се уредуваат ознаките на униформата и согласно кој, истите се идентични на целата територија на државата и истите не може да се разликуваат во зависност од општините каде се извршува работата“.

Темата за двојазичните амблеми на униформите на полицијата е за дефокус на јавноста, тврди  лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но засега не планирал да ja оспорува пред Уставен суд.

  • Веста е превземена од Телевизија 24 – 24.mk